Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во шест часот изутринава во Охрид била измерена температура од -10 степени целзиусови.

Најниски температура во Македонија била измерена во Берово, –17 степени целзиусови,  -15  во Крива Паланка, -13 во Скопје, -12 во Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија и Виница, -11 во Пожаране, Тетово, Зајчев Рид и Струмица.

Метеролозите за денеска најавуваат сончево и студено со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус пет, а дневната од еден до осум степени.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и температурите ќе започнат благо да се покачуваат. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на повисоките од снег, со променлив интензитет.

OhridNews