Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во седум часот изутринава во Охрид била измерена температура од -8 целзиусови степени.

Најниска температура во Македонија била измерена во Берово, -14 степени, -13 степени биле измерени во Битола, а -12 во Лазарополе, Дебар, Маврово и Тетово. Во Скопје Петровец се измерени -11 степени, -10 во Тополчани, Прилеп, Куманово, Штип и Крива Паланка, – 9 во Пожаране, -8 Крушево, Демир Капија, Кавадарци и Струмица, -7 во Виница и Ѓуриште, -6 во Претор, -5 во Гевгелија и -3 во Дојран.

Метеролозите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, а преку ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во наредниот период ќе продлжи периодот на стабилно, суво и студено време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени.

OhridNews