Несносни гориштини деновиве го зафатија Охрид. Во обид да се ублажат последиците од топлотниот бран главните градски сообраќајници, каде е и најголема фрекфенцијата на возила и луѓе се разладуваат и ноќе и дење. Извесно време тоа има ефект, но водата брзо испарува од загреаниот асфалт. Граѓаните спас од жешкото сонце бараат во ладовина или на некоја од охридските плажи, кои викендов се подготвуваат да го примат првиот поголем бран туристи.


Мало ама значајно освежување

OhridNews