Старото пристаниште во центарот на Охрид вчера го заплиска бран позитивна енергија што традиционално ја носи културната манифестација „Ој љубов, љубов“.
Стотици луѓе, голем дел од нив млади, со кајчиња, суп даски и други пловни објекти зедоа учество на староградската пловидба со ВИС „Билјана“ која кулминираше со песна на која и се придружија присутните, додека настанот од копно со љубопитство го следеа голем број граѓани и туристи.
Присутните уживаа во староградската музика, еден од најавтентичните културни белези на Охрид, а атмосферата од настанот ја долови фоторепортерот на Охридњуз Анамарија Момироска.
„Ој љубов, љубов“ – староградска пловидба со ВИС „Билјана“, годинава се одржа по шести пат. Настанот е дел од манифестацијата Алтернативното културно лето што ја организира Културолошка иницијатива 5 до 12.
Г.М.
Фото: А. Момироска