На денешен ден се одбележува јубилејот 130 години од раѓањето на д-р Елена Каваева. Пред нејзиното вечно почивалиште во знак на почит и сеќавање делегации на Општина Охрид и Здружението на лекари од Охрид положија свежо цвеќе.
Пред одржувањето на овој јубилеј, во чест на д-р Каваева-основоположникот на охридското и македонското здравство, ЈП „Градски гробишта“ изврши санација на спомен – плочата и уредување на нејзиното вечно почивалиште.
Повеќе од четири децении Д-р Каваева беше посветен лекар, доајен на македонската педијатрија, активен општественик и хуманист.
Во здравствената установа “Маларична“ илјадници пациенти, најмногу доенчиња, деца и младинци од Охрид и околината беа најсовесно лекувани, вакцинирани, превентивно прегледувани, испраќани на лекување и рехабилитација во разни специјализирани установи во тогашна Југославија.
Д-р Каваева повеќе години го раководеше и првиот Родилен дом во Охрид, каде секојдневно го контролираше здравјето на новороденчињата.
OhridNews