Нов дожд, стара слика. Поплавени подруми и домови, затнати шахти и одводи, непроодни улици. Вака е при секој посилен дожд, а оваа пролет ги има поприлично.


Проблемот во Охрид со одведувањето на атмосферските води е стар со децении, но никој не го решава. Колекторот не може да ги прими сите води, а резултат не дава ниту милионскиот проект за сепарација на атмосферската од фекалната канализација реализиран пред речиси една деценија, додуша само во делови од градот. За нефункционалноста на скапо платените системи и бројните недостатоци одговорност нема, иако изградената инфраструктура имала технички прием, надзор. Затоа Охрид и натаму ќе се дави во дождовница.

OhridNews