На 7. јануари во Охрид, во 93-та година од животот почина Петар Вероноски – генерал во пензија.

Роден е на 21 мај 1932 година во Охрид, и уште од младоста го избра патот на службата, дисциплината и честа. Тој беше питомец од Охрид кој се запиша на Воената академија во Белград – чекор што бараше храброст, визија и силна вера во сопствениот повик. Со тој чин не го трасираше само својот животен пат, туку отвори врата и за многу генерации по него.
Неговиот професионален живот беше посветен на Армијата, каде со знаење, одговорност и достоинство го изгради својот офицерски и генералски углед. Беше почитуван во општеството и заедницата, а особено меѓу колегите – старешини.
За посветената работа во текот на кариерата добил многу армиски признанија и ордени.
Генералот во пензија Петар Вероноски беше погребан денеска на градските гробишта во Охрид.
OhridNews














