Жителите на селата и приградските населби на Охрид, кои поради секојдневни обврски и потреби мораат да доаѓаат во центарот на градот, неколку години наназад немаат соодветни услови за чекање на приградскиот превоз. Поголемиот дел од автобуските постојки кои се лоцирани на главните сообраќајници во Охрид се во многу лоша состојба, а има и такви на кои не се поставени ни клупи, ниту пак корпи за отпадоци.

Покрај тоа што не се функционални за патниците, тие се многу лоша слика и за туристите кои во текот на летниот период се превезуваат до плажите.

Состојбата со автобуските стојалишта можеби ќе биде решена во наредниот период, бидејќи во Развојната програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, за опремување на автобуски постојки предвидени се 300.000 денари.

OhridNews