Охрид на премиерниот натпревар пред своите навивачи го совлада Силекс со 2-0. Творци на победата беа Клечкароски и Алими со голови во финишот на мечот.
Охридските бели долго се мачеа да го скршат отпорот на добро организираниот тим на Силекс кој беше на прагот на реми во Охрид.
Решени да стигнат до победа нападнаа уште на стартот но ударите на Каланоски и Клечакароски не ја погодија целта. Гостите беа инфериони, а единствените можности ги имаа од прекин.
Топлото време не им дозволи на фудбалерите да се разиграат, па судијата Ставрев се одлучи да им додели минута одмор.
Сликата не се промена многу во вториот дел се до еден час игра кога прво Клечкароски не реализираше стонастона шанса по додавање на Димоски, потоа Димоски се најде во изгледна можност но расчисти гостинската одбрана, а неколку минути подоцна Митрески од работ на казнетиот простор упати вистинска бомба, но Божиноски го скроти и тој удар.
Гостите кои повеќе мислеа на својот отколку на гостинскиот гол, ќе жалат што го напуштаат Охрид со празни раце. Во последната минута од регуларните 90, Алими изнуди прекршок во опасната зона.
Експлозија на трибините на стадионот “Атина Бојаџи“ по европогодокот на Клечкароски во горниот лев агол. По голот гостите се распаднаа, а победата ја потврди Алими кој натрча на одбиената топка по ударот на Митрески.
Во наредната рунда “рибарите“ гостуваат во Штип кај Брегалница.
Вардар денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Регионалната лига Противник на македонскиот првак ќе биде Војводина, а средбата ќе се одигра во СЦ „Билјанини Извори“ Двете...
Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026 Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност д...
Четири натпревари и дури 35 погодоци ја одбележаа синоќешната програма на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Најефикасна беше пресметката меѓу Охридски бисер Филев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.