Фудбалерите на Охрид ја забележаа првата првенствена победа пред своите навивачи. До трите бода во дуелот со скопски Маџари  „белите“ стигнаа тешко, од пенал во 87 минута кој во гол за победа го претвори Лошкоски.

Преку 1.000 гледачи беа сведоци на деби победата на охриѓани по враќањето во второлигашкото друштво по 4 години пауза . Натпреварот започна со офанзива на охриѓани  кон голот на Димоски. По 5 мин игра првата прилика ја имаше Атај кој бие покрај голот,нешто подоцна Степаноски се обиде но неговиот удар од одбранбените играчи завршува во удар од аголот . По корнерот шанса за Војдоновски но Димоски сигурен. Дека не се дојдени само да се бранат скопјани покажаа во 21 м. кога по одличната контра Рамадани изби сам но се сплетка и шансата пропадна. Повторно серија на напади на охриѓани, а најблису до погодок беше Попанчески кога по ударот од аголот атрактивно со пета се обиде да го изненади Димоски.

Бурно реагираше охридската публика во 38 м. кога во казнетиот простор имаше контакт помеѓу Атај и Димоски ,но свирката на главниот судија Вељанов неж се огласи . Продолжија домаќините да напаѓаат но гостите „ѕидот“ го поставија пред својот 16 -ик , каде завршуваа акциите на Охрид. Одлучувачкиот момент беше на 5 минути пред крајот кога во казнениот простор несмасно беше фаулиран Димоски, а Вељанов без размислување покажа на белата точка. Одговорноста ја превзеде капитенот Лошкоски кој рутинирано го матираше Димоски за експлозија на Билјанини.

„Очекувавме вака тежок натпревар .Не го решивме натпреварот во раната фаза па мораше да се мачиме до крајот“ – изјави по средбата тренерот на Охрид, Зоран Георгиевски. Неговиот колега од Маџари, Зоран Мирковиќ рече дека домакините повеќе ја посакувале победата до која стигнале  апсолутно заслуженоа. „Најмногу ме радува што публиката се враќа на трибините“ додаде   Мирковиќ 

Охриѓани по две одиграни кола во Втората лига се без пораз. На отворањето на сезоната ремизираа во Штип со Брегалница 2:2, а дома славеа над Маџари.

Мирко Постоловски
Горан Момироски