Охрид следната година ќе биде домаќин на 30-то јубилејно годишно Собрание на EUROSAF, информираат од Едриличарската федерација на Република Македонија.

Ова признание е потврда за посветената работа, растот и потенцијалот на македонското едрење, како и значаен чекор кон зголемување на институционалната поддршка и подигнување на едрењето на ниво на национален приоритет. Нашата цел е преку вакви меѓународни соработки да го поттикнеме интересот на државните и локалните власти за заедничко градење на Охридското Езеро како регионален центар за едрење, велат од Едриличарската федерација на Република Македонија.
OhridNews












