Со пригодни свечености општина Охрид ќе го одбележи празникот посветен на патронот и заштитникот на градот, Свети Климент Охридско – летен.

Во рамки на одбележувањето на 9-ти август, утрото, делегација на Општината предводена од градоначалникот Александар Петрески,  ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на светителот на градскиот плоштад, а свеченоста ќе биде збогатена со културно уметничка програма.

По повод празникот во употреба свечено ќе биде пуштен  реновираниот пливачки базен на спортскиот центар „Атина Бојаџи“, а предвидено е да биде потпишан и Протокол за соработка помеѓу Општина Охрид и градот Трогир, Р. Хрватска.

На големиот празник вечерта на градскиот плоштад кој го носи името на светителот, ќе им бидат доделени дипломите на матурантите од ОСУ „ Св. Климент Охридски“.

На свеченостите, како што е најавено,  ќе присуствуваат и голем број делегации од збратимени градови.

OhridNews