Победата над Влазними со 2-0, не само што ги врати “белите“ на врвот на табелата туку ги оддалечи од трето и четврто пласираните Тиквеш и Миравци на плус осум.

Водечкиот Охрид во последните седум рунди четири пати ќе игра на домашен терен, додека три пати ќе гостува.


Првиот тест в сабота ќе го има во супердербито против 11 Октомври. “Рибарите“ потоа на домашен терен ќе ги пречекаат уште Дрита, Новаци и во последното коло Охрид Лоте.

На гостински терен “белите“ ќе се сударат со претендентите за баражот Миравци и Беласица, како и кај нископласираната Цементарница.


Според математиката 52 бода би биле доволни да се обезбеди директен влез во Првата Лига. 

М.П.