Во рамки на интензивната промоција на охридската туристичка понуда, што  е дел од програмата за работа на локалната самоуправа, деновиве, општина Охрид учествуваше на Туристичкиот саем во Белград, на кој присуствуваа и туристички претставници од градот.

Промоцијата на Охрид и Македонија се изврши под слоганот “ВЕ ЧЕКАМЕ И ОВАА ГОДИНА“, на брендиран штанд “Македонија вечна“. Во рамки на саемот се одржал и прес коктел за српските медиуми туроператори и агенции.


– Представувањето на Охрид и Македонија предизвика особено внимание во електронските и пишувани  медиуми. Според многумина од присутните, Охрид беше,туристичката дестинација за која на Туристичкиот саем најмногу се зборуваше. Голем број на најугледните српски дневни весници, туристички ревии и списанија објавија текстови за Охрид . Во дневниот на најгледаната телевизија на Балканот ТВ ПИНК гостите од Охрид беа главна тема, а исто така охридскит епретставници учествуваа и во сателитската програма на РТРС, информираат од локалната самоуправа.

На Белградскиот Саем, градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, добил Благодарница од Националната Ревија Туризам 2013, за посебните залагања во промоцијата на Охрид.

OhridNews