Прва гостинска победа за охридските ракометари кои минимално во драматичен и до крај низвесен натпревар славеа над гостувањето во Струмица над Зомимак со 25-24.


Натпреварот во целиот свој тек беше изедначен, домаќините имаа предност по првиот дел со 12-10, а ја имаа и “благата“ подршка на судискиот тандем, кој дури десет пати досуди најстроги казни за струмичани. Од 10 – те удари од седум метри реализираа осум, додека за “рибарите“ во сите 60 минути беа досуденни три седмерци од кои два удари завршија во мрежата.

Тимската игра и добрата одбрана во текот на мечот беше крунисана со победничкиот погодок на 20 секунди пред крајот на Томоски на додавање на Николоски.

Најпрецизен на мечот беше Томоски со девет постигнати погодоци, Андоновски постигна 7, Трифуноски 6, Николоски 2 и Митрески 1.

М.П.