Петта  година по ред Охрид, ќе остане без својот спортски лауреатт. Не функционирањето на Сојузот на спортови, телото кое го вршеше овој избор резултира  Охрид да не добие спортски лауреат и за 2010 година.  На охридскиот спорт кој не е на завидно ниво , му се потребни електрошокови за да се врати во нормален живот.

– Нефукнционирањето на Сојузот на спортови  во Охрид е еден од проблемите кои под итно треба да се решат. Покрај де факто потребата од реорганизацијата на Сојузот на спортови , еден од приоритетите е враќањето на традционалниот избор за најдобар спортист и најдобар тренер во градот. Без разлика какви се нашите резултати, дали сме конкурентни и дали постигнуваме светски достигнувања, избор мора да има – велат спортските работници.

Обиди за реорганизација на Сојузот имаше и порано, иницијатива има пак, но потребно е работите од разговор да се сведат на дело, и да се постават здрави темели на кои ќе се возобновува спортот во градот под Самоуиловата тврдина.

–    Нас ние е потребно дефинирање на  приоритети врз кои ќе го темелиме развојот на спортот во Охрид. Вака ние лутаме и на жалост нема спорт во кој постигнуваме резултати и сме препознатливи. Ако тоа е атлетиката, нека биде , атлетиката, ако е кајакот нека биде кајакот, важно е да знаеме што сакаме да постигнме – смета Ристо Трајкоски,  поранешен директор на “СРЦ Билјанини Извори“

Иницијативата да се избере ново раководство и претседател од пред неколку години пропадна поради различното толкување на законот, охридските клубови и спортски работници очекуваат со измените на Законот за спорт и трансформацијата на клубовите во акционерски друштва конечно да се стави ред во спортот и  да се отворат вратите за нови спонзорства.

М.П.