На убавивините на древниот Охрид ретко кој останува рамнодушен, а се почесто парови од странство го избираат ова свето место за венчавање. Слободан и Тамара од Белград, Србија, минатата година преку туристичката агенција „Елида“ за прв пат го посетиле Охрид, се заљубиле во него и решиле тука да ја направат својата свадба. Една година подоцна парот повторно допатува во Охрид, овојпат заедно со најблиските кои присуствуваа на овековечувањето на нивната љубов.


Сватовите со брод се упатија кон манастирот Св. Наум каде Слободан и Тамара се венчаа според православните обичаи. 

Веселбата се одвиваше во ресторанот „Потпеш“ во населбата Канео, каде младенците и нивните гости беа пречекани со музика и шампањско.


Слободан и Тамара наскоро повторно ќе дојдат во Охрид, каде ќе го минат првиот заеднички одмор во брак. Тие како што велат од Т.А. „Елида“ се воодушевени од гостопримството на охриѓани и убавините на градот, кој својата понуда ја збогатува и со венчален туризам.
-Охрид има потенцијал за развој на венчален туризам, а потврда за тоа е што се повеќе двојки од странство се решаваат тука да го кажат судбоносното Да, вели Елида Битрак, од Т.А. „Елида турс“, која ја организираше венчавката на младенците од соседна Србија.

Охрид станува привлечна дестинација за венчален туризам
OhridNews