Градот е подготвен да ги дочека гостите за претстојните празници.

Поставени се новогодишените украси низ централното градско подрачје и во периферните делови, а декорирани се и рестораните, кафулињата, продавниците во чаршијата.

Новогодишниот амбиент особено е впечатлив во вечерните часови кога бројните украси, сијалици блескаат насекаде.

И годинава, како и минатите години, локалната самоуправа при украсувањето користеше сопствени украси, кои од година во година ги надополнува со нови.