Улиците на Охрид вчера беа исполнети со позитивни лица кои уживаа во трчањето и убавините на градот со вредно културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО. Седмото издание на „Охрид трчаТ“ повторно го стави Охрид на светската мапа. Учесниците ги преплавија социјалните мрежи со фотографии од Атлетскиот викенд во Охрид, кој оваа година уште малку ја подигна летвичката на организациски план. Оттаму и комплиментите што на адреса на „Охрид трчаТ“ пристигнуваат од познати спортски имиња и слични тркачки манифестации.

Следното издание на „Охрид трчаТ“ е во јуни 2024 година. До тогаш прекрасните фотографии ќе не потсетуваат на убавата спортска авантура во Охрид што се случи изминатиот викенд. Како изгледаше растрчаниот Охрид ни доловува фоторепортерот на Охридњуз Анамарија Момироска.

Фото галерија:

Охрид трчаТ 2023 низ објективот на Охридњуз

 

OhridNews
Фото: А. Момироска