Наше а светско. Ако за некој спортски настан во Охрид важи овој епитет, секако тоа е атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кој пред една деценија го стави Охрид на светската атлетска мапа и постојано го подига квалитетот на манифестацијата која денес е изграден спортски бренд. Потврда за тоа е наградата за Најдобар спортски настан за 2025 година што  ја доби „Охрид трчаТ“ на „BEAM Festival“ (Best Event Awards Macedonia).

Голема чест за нашиот тим, Охрид трчаТ 2025/Ohrid Running Weekend 2025 е добитник на наградата за Најдобар спортски настан за 2025 година во организација на BEAM Festival. Ова признание е за сите што веруваат во спортот, заедништвото и енергијата што секоја година ја носиме и градиме во Охрид. Благодарност до тркачите, партнерите, волонтерите и пријателите на настанот, оваа заедничка приказна ја пишуваме заедно, напишаа во објавата од „Охрид трчаТ“.

Оваа година атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе се одржи по јубилеен 10 пат.

OhridNews
Фото: @Stefan Rajhl I Facebook – Охрид трчаТ