Атлетската манифестација Охрид трчаТ и нашиот град кои од следната година ќе бидат побогати за полумаратон имаа успешна промоција на маратонот во словенскиот град Љубљана. На еден од најстарите маратони на Балканот, Охрид трчаТ и Охрид со сите свои убавини беа дел од експото каде се промовираат атлетските манифестации и градовите домаќини и учествуваа на сите трки кои беа дел од престижниот спортски настан во Љубљана.

На маратонот во Љубљана учествуваа 30 000 вљубеници во трчањето и спортот воопшто а од нив вкупно 1 500 беа дел од најдолгата трка во маратонот (42 километри). Експедицијата на Охрид трчаТ во Љубљана беше се со цел да ги наполни батериите и да собере дополнително искуство за четвртото издание на спортскиот настан број еден во Охрид кој ќе се одржи следната година.

Охрид трчаТ имаше забележителна улога во најчитаните медиуми  во Словенија со интересни слики и интервјуа. Охриѓани и екипата покажаа како се промовира градот пред европската атлетска елита и аудиториум. Посебен банер за поддршка на охридската експедиција имаше евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој е голем фан на настанот и градот Охрид.

Охрид трчаТ со организирањето на полумаратон во 2020 година направи голем чекор напред во подигнување на уште повисоко ниво на настанот а залет охриѓани и екипата го фатија од Љубљана.

OhridNews

Фото: Приемот кај македонската амбасадорка во Словенија круна за Охрид трчаТ