После успешната презентација на саемот за туризам во Белград и на атлетскиот маратон во Дубровник, атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ со посебна статија беше промовиран и на најпосетувана интернет страна (trcanje.rs) во Србија за новитетите во атлетиката.

Охрид ТрчаТ како спортски настан во рамките од атлетиката беше промовиран и на бугарскиот сајт за атлетика кој исто така привлече големо внимание. Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ најави уште вакви соработки со спортски медиуми и организации се со цел промоција и афирмација на Охрид трчаТ како настан и секако Охрид како спортска дестинација.

Атлетскиот настан Охрид ТрчаТ ќе се одржи во првиот викенд во јуни месец. Главните збиднувања ќе се одвиваат на 3 јуни, претходно ќе се организираат трки за учениците од основните и средните училишта, а годинава ќе бидат вклучени и медиумите.

OhridNews