– Прекрасно е. Волшебно место многу ми се допаѓа. Прв пат сме во Македонија. Комбинацијата на езерото и планини ме импресионира. Може да одиме на плажа или да планинариме, а градот и старите културно историски споменици се уникатни.
– Задоволенм сум од престојот во Охрид. Тука сме два дена, гледам богата понуда и размислуваме да отидеме на некој концерт. изјавија туристи од Германија.
Во споредба со минатата година, оваа година благодарение на порано склучените аранжмани хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се исполнети речиси целосно, посочуваат од хотелската асоцијација.
– Ни се случува бум од посетеност на странски туристи на нашиот пазар, што значи дека кога има слога кога државните и локалните институции и стопанството соработуваат има плодови, истакна Дончо Танески од ХOTAM.
За разлика од хотелите во приватното сместување летово има помалку гости, особено домашни, а на послаб промет се жалат и угостителите.
– Како сезона со времево сме послаби од други години, вели Емре Мирто, келнер во ресторанот “Белведере“.
Годинава охридската бродска флота плови непречено, но бродарите и кајчарите велат дека повеќе немаат отколку што имаат работа.
– Не е баш како што треба летово, слабо гости има, дали пари немаат или нешто друго е во прашање незнам, но гости има слабо, вели Стефан Чекреџиески, сопственик на пловен објект.
Повеќе работа и гости туристичките работници очекуваат во август кога во Охрид се одржува меѓународниот пливачки маратон и други спортски, културни и забавни манифестации, кои традиционално привлекуваат голем број посетители.