Охрид успешно се промовира 22-риот Саем за туризам, опрема за хотилиерство и угостителство – “МЕТУБЕС“, кој од 11 до 22 април се одржа во Будва, Црна Гора.

Заедно со најзначајните носители на туристичката понуда од регионот, Охрид беше препознатлива туристичка дестинација, со своето природно и културно историско богатство, со што уште една се потврди дека за црногорските гости, Охрид е посакувана дестинација  за празничните екскурзии.

Исто така, Охрид зедно со уште неколку туристички центри од Балканот влегува во мапата на пошироката регионална туристичка понуда, како културна, верска и историска дестинација, како дел од стратешкиот интерес за одржливиот развој на туризмот во Охрид.

Инаку, на саемот бил искажан висок интерес на руските тур –оператори за организирано доаѓање на гости од нивната земја во Охрид, со надеж дека полибералниот визен режим меѓу двете земји, ќе го зголеми бројот на руските туристи на охридското крајбрежје.

OhridNews