Утрово најниска температура е измерена во Берово – 5.8 степени Целзиусови. Во 6 часот во Охрид температурата изнесувала 1.2 степени. Нивото на Охридското Езеро е 2 сантиметри над нултата кота (693.17 мнв), а температурата на водата измерена утрово изнесува 14 степени.

Во текот на денот ќе преовладува сончево и студено време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 11 степени.

Во наредните три дена исто така ќе има ниски утрински температури кои ќе бидат под или околу нулата, а максималната ќе се движи во интервал од 9 – 19 степени.

OhridNews