Ракометарите на Охрид во кадетска конкуренција финишираа на вицешампионската позиција во една од четирите групи во нашата земја.

Охридските ракометари во дерби средбата изгубија од КЛ7 (31-28) и со скор од седум и еден пораз ќе презимат на втората позиција на табелата.

Охрид како клуб е во самиот врв во сите конкуренции што се натпревару. Сениорската екипа е второпласирана во Супер лигата, младинците се есенски шампиони, а кадетите ја заокружуваат плодната есен за охридскиот ракометен клуб.

На пролет, кога продолжуваат ракометните возбудувањата се очекуваат многу подобри и поквалитетни мечеви во Охрид, кој живее и дише за ракометот.

OhridNews