Градот е полн со гости, а времето прекрасно, расположението исто така. Викендов Охрид пулсира во ритамот на забавата.

Во 18 часот во организација на Владата на Република Македонија на плоштадот во Охрид ќе се одржи забава со Исмаил Луманоски и Влатко Лозаноски – Лозано.

Забавата продолжува на повеќе отворени сцени на вода и копно каде ќе настапуваат познати диџеи, а ќе кулминира со концерт на балканската ѕвезда Масимо Савиќ на Античкиот театар во 21.30 часот. Веднаш по него продолжува диџеј забавата низ градот која ќе ја заокружи ѕвездата на вечерта – германскиот суперстар – DJ Tomcraft. Овие настани се во рамки на манифестацијата „Бело лето“, со која градот на симболичен начин ќе го одбележи стартот на туристичкиот шпиц.

Во 21 часот, исто така вечерва, во црквата Св. Софија ќе настапи а капела секстетот „Д’Квин Сикс“ од Виндзор Касл, Велика Британија.

На 14 јули, сабота, во фиш и лаунџ бар „Лихнидос“ настапува Премиум бенд.

Почеток 21.00.

Викенд забавата во недела продолжува на плажата „Куба Либре“, каде во 13 часот со акустична изведба ќе настапи бендот „Шајн“ на познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски.

Во недела вечер, во недела во фиш и лаунџ бар „Лихнидос“ настапува Ристе Ристески.

Почеток 21.00.

За овие и други настани од забавниот и културниот живот во градот редовно информирајте се во рубриката „ШТО, КОГА,КАДЕ“ на најпосетуваниот интернет портал во регионот „OhridNews“.

OhridNews