Охрид во јули го посетиле 72 521 турист од кои 39 189 домашни и 33 332 странски гости, а биле остварени 356 646 ноќевања. Во јуни бројот на туристи изнесувал 40 276, додека во мај 41 096, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од странските туристи најголем дел во јули биле од Турција – 15 759, по нив од Србија – 2602, Полска – 2230 и Холандија – 2203, велат од ДЗС.

Во Струга, пак, во јули регистрирани се 32 751 турист од кои 17 601 домашни и 15 150 странски гости. Во јуни Струга ја посетиле 11 747 гости, додека во мај 12 110.

На ниво на држава во јули регистрирани се 209 932 туристи и 770 733 ноќевања. Од вкупниот број туристи во месец јули 2025 година, 42.1% се домашни, а 57.9% се странски.

Најмногу туристи во јули имало од Турција – 55 129, од Србија – 9 898, Полска – 4 304 и Холандија – 3 989. Најпосетени биле езерските места со вкупно домашни и странски 126 957 туристи, велат од ДЗС.

Бројот на ноќевањата во јули 2025 година изнесува 770 733, од кои 69.2 % се од домашните туристи, а 30.8% од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.2%, односно кај домашните туристи има намалување за 0.1%, а кај странските има зголемување за 15.1%.

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5.5% така што кај домашните туристи има намалување за 0.5%, а кај странските има зголемување за 11.5%.

Н.С.Ј.