Во организација на Културно- уметничкото друштво “Охриѓанка”, од 10- ти до 14- ти август во Охрид ќе се одржи Меѓународен фолклорен фестивал ” Македонско Сонце” на кој ќе учествуваат фолклорни друштва од Хрватска , Полска,  Литванија, Србија, Турција, Израел, Бугарија и Македонија. Фолклорните друштва ќе настапат на просторот пред Центарот за култура “Григор Прличев”.


По завршувањето на оваа манифестација, ќе започне Детскиот Меѓународен фолклорен фестивал “Охридски Бисер”, кој ќе се одржува во периодот од 15- ти до 19-ти  август. На него е предвиден настапот на фолклорни друштва од  Чешка, Србија, Турција, Бугарија и Македонија.
 
Во организација на КУД Охриѓанка, од 18- ти до 22- ри август за прв пат ќе се одржи и Интернационален фестивал за Мажоретни тимови и придружни дувачки оркестри, на кој ќе учествуваат групи од различни земји.

OhridNews