Охрид во август годинава го посетиле вкупно 96 260 гости, од кои 58 451 домашни и 37 809 странски. Биле остварени вкупно 451 976 ноќевања.

Од странските најмногубројни биле гостите од Турците – 10.654, по кои следуваат од Србија – 4.993, Холандија – 2.605, Германија – 2.122, Полска – 2.119…, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Споредено со истиот месец претходната 2025 година кога бројот на туристи изнесувал 78 279, забележан е пораст и кај домашните и кај странските туристи.

На ниво на држава, во август годинава 244 513 туристи оствариле 934 042 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 46,4 отсто биле домашни, а 53,6 проценти биле странски. Бројот на ноќевањата изнесувал 934 042 од кои 70,8 отсто од домашните туристи, а 29,2 од странски туристи.

Во август најмногу туристи, 45 747, дошле од Турција, 13 166 од Србија, 7 457 од Романија и 7 324 од Германија.

Н.С.Ј.

извор. ДЗС