Повеќе објекти во централното подрачје на Охрид вечерва светнаа во боите на ретките во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Самуиловата тврдина по шести пат е обоена во  зелена, сина, розова и виолетова боја

​Тоа не се само светла. Тоа се светилници на надежта за сите наши сограѓани, пријатели и деца кои во тишина ја водат својата најтешка битка со ретките дијагнози, велат поддржувачите на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, која се реализираво текот на месец февруари со цел подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести и нивно приближување до институциите.

 

Во боите на ретките вечерва осамнаа и повеќе објекти на Дебарско – кичевската епархија.

Кога духовноста и хуманоста ќе се спојат: Прекрасна глетка од Охрид, Дебарско-кичевската епархија симболично ги обои своите храмови во поддршка на борците со ретки болести, стои во објавата на социјалните мрежи на епархијата.

OhridNews

Фото: Фејсбук I Ретки болести Охрид I Дебарско – кичевска епархија