Со пригодни свечености општина Охрид ќе го одбележи празникот посветен на заштитникот на градот, Свети Климент Охридски (летен) и празникот Св. Пантелејмон, во чија чест патронот на Охрид пред крај на IX век на Плаошник подигнал храм.

Во рамки на одбележувањето делегација на Општината предводена од градоначалникот Александар Петрески, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на светителот на градскиот плоштад, а свеченоста ќе биде збогатена со културно уметничка програма.

По повод празникот во употреба свечено ќе биде пуштен  реновираниот пливачки базен на спортскиот центар „Атина Бојаџи“, а предвидено е да биде потпишан и Протокол за соработка помеѓу Општина Охрид и градот Трогир, Р. Хрватска.

На свеченостите, како што е најавено,  ќе присуствуваат и голем број делегации од збратимени градови.

OhridNews