Охрид утрово осамна прекриен со магла и видливост  помала од 100 метри. Според прогнозите на метеоролозите, и во текот на утрешниот ден ќе има магла по одделни котлини, а во останатите делови од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ваквото време ќе се задржи до петок кога во вечерните часови се предвидвидуваат врнежи од дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 11 степен, додека пак минималната ќе се движи околу вториот степен над нулата.

OhridNews