Како што информираат од Одделението за гинекологија при Општата болница минатата ноќ поминала мирно и засега Охрид во новата година е без новороденче.

Додека пак во Македонија, првите новороденчиња во 2016 година се во Скопје.Две машки и едно женско бебе на свет дојдоа точно едно минута по полноќ на Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје.Едното машко бебе , тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри, е родено од мајка Јована Андоновска Буриловска ( родена 1978 год.) од Скопје општина Карпош на која ова и е трето дете.Другата родилка е Александра Андонова (родена 1982 год. ) која родила близнаци и тоа женско тешко 2 килограми и 290 грама долго 47 сантиметри а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама долго 48 сантиметри на која ова и се први деца.

OhridNews