Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија.
– Со оваа Општина од Словенија имаме соработка од 2005 год. и заедничкото аплицирање за еден ваков европски проект, претставува само логичното продолжение на одличната соработка помеѓу Општина Охрид и Општина Птуј и унапредување на таа соработка.
Исто така ова е прекрасна можност за промоција на Охрид во останатите земји- (партнери) на проектот, како и промоција на европските вредности и европската идеја, зближување на граѓаните од различни европски држави и размена на искуства во различни области, велат од локалната самоуправа.
Потенцираат дека од особено значење за општината е европското искуство и стандарди од останатите партнери во проектот, посебно од членките на Европската Унија.