Во првата емисија од серијалот кој се прикажува на телевизијата Ал Џезира, „ Алхемија на Балканот“ посветена на Македонија, познатиот новинар Горан Милиќ, значаен дел посветува на Охрид, Охридското езеро, црквите, охридскиот бисер и неговата изработка. Во делот од емисијата во кој се зборува за Охрид, говорат градоначалникот Никола Бакрачески, Климент Талев, познати угостители.
Освен Охрид, во првата емисија Милиќ го прикажува Скопје, Крушево, родниот град на Тоше Проески, а се осврнува и на политичките случувања во земјава.
OhridNews












