Повеќе илјади граѓани и гости од земјава и соседството присуствуваа на дочекот на Новата година на централниот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Забавата ја отвори Ѓоко Танески, а на дочекот на Новата година под отворено небо настапија уште и „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и Ристо Самарџиев.
Новата година беше дочекана со бенгалски огнови и голем огномет над Охридското Езеро. На присутните на плоштадот им се обрати градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој упати честитки со желби за здравје, успех и среќа во новата 2013 година.
Весело беше и во хотелите, рестораните, кафулињата и дискотеките на ривиерата, кои за новогодишните празници се речиси целосно исполнети.
Дел од атмосферата во Cuba Libre beach & bar