Охрид се најде на исто рамниште со кубанска Хавана, германски Хамбург и шпанска Ибица како најатрактивни туристички дестинации на листата „Топ 10 дестинации за летен одмор на студентите“ кој ја изработи британскиот дневен весник „Гардијан“, пренесува весникот „Капитал“.

Според Гардијан, не постои човек кој може да остане индиферентен и неимпресиониран од религиската толеранција и хармонијата која ја доловуваат црквите и џамиите распространети низ целиот град. За обожавателите на ноќниот живот, Гардијан предложи забава на брод, а за љубителите на природата весникот ја препорача планината Галичица од каде може да се ужива во неверојатната глетка на зајдисонцето. За карактеристично македонско јадење го препорача македонскиот кебап, на чиј вкус ректо кој може да му одолее.

Вакво рангирање, Гардијан прави секоја година и за таа цел ги прашува студентите ширум светот, каде си поминале незаборавен летен одмор минатото лето. Освен Македонија, на листата „Топ 10“ дестинации за летен одмор на студентите“ се најдоа и Шкотска, Шпанија, Романија, Унгарија и Британија, пишува „Капитал“.

OhridNews