
Според структура на кривичните дела, најбројни биле кривичните дела против животот и телото. Во наведениот период регистрирани се седум убиства, по две во Охрид и Велес и по едно во Куманово, Скопје и Прилеп.
За извршените кривични дела се пријавени 378 сторители, од кои 349 или 92,3% се мажи, а само 29 или 7,7% се жени. Според роднинската врска, најчесто сторители на кривичните дела се сопрузите-215 кои вршеле семејно насилство врз своите сопруги, односно најчесто телесно ги повредувале, а потоа синовите-56, кои телесно ги повредувале своите родители, почесто мајките. Најчести жртви на семејно насилство се жени-310, но и 68 мажи, а според роднинската врска, жртви се 204 сопруги, 64 родители, потоа 33 деца, 19 поранешни брачни другари, 18 лица кои со сторителите биле во вонбрачна заедница, седум сопрузи и 33 останати роднини.
Во текот на оваа година, во Македонија се регистрирани 730(770) прекршоци, од што 70% биле „малтретирање на друг во стан“. СВР Охрид регистрирал 72 прекршоци од што во Охрид-40, Кичево-18 и Струга-14. При извршување на прекршоците-276 сторители биле под дејство на алкохол, 14 под дејство на дрога, додека 140 извршиле малтретирање како резултат на психичко растројство.












