Охрид деновиве е домаќин на значајни собири од разни области.

Денеска почнува XIII Конгрес на лекарите на Македонија, на кој покрај домашни учество ќе земат и еминентни медицински стручњаци од светот.

Во црквата Св. Софија вечерва почнува Вториот меѓународен семинар за магнетна резонанца што го организира Здружението за медицински имиџинг на Република Македонија под покровителство на Македонската академија на науки и уметности.

Во Охрид се одржува и Конференција за Евро-атланската интеграција на Балканот 2015-2020, што заеднички ја организираат  Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Институтот „Аспен“ од Берлин, Германија.

OhridNews