Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026.

Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност да проследат повеќе атрактивни натпревари, меѓу кои Меѓународната кајак регата, Red Bull Педалинка, Меѓународниот ватерполо турнир како и „Меѓународната едриличарска регата Охрид 2026“ која трае четири дена и завршува денеска.

Во рамки на фестивалот се одржа и „Меѓународниот едриличарски тренинг камп Охрид 2026“, тридневен камп кој претставува дополнителна можност за унапредување на едрењето и размена на искуства меѓу учесниците.

OhridNews