Охрид во јуни годинава го посетиле 35 446 туристи од кои 10 487 домашни и 24 959 странски. Истите оставриле 77 011 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). За споредба минатата 2025 година во јуни Охрид го посетиле 40 276 туристи.
Од странските туристи годинава најбројни биле од гостите од Турција-6 609, по нив следат од Србија-2 440, од Холандија-1 414, Полска- 1 343 и Германија-1 288, велат од ДЗС.
И минатата година во Охрид најбројни биле туристите од Турција (9 623), по што следуваат од Србија (2 538) и Германија (2 493).
На ниво на држава во јуни годинава регистрирани се 113 436 туристи кои оствариле 221 608 ноќевања.
Од вкупниот број туристи, 22.8 % се домашни, а 77.2 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во јуни 2026 година изнесува 221 608, од кои 29.2 % се од домашните туристи, а 70.8 % од странските туристи. Најмногу странски туристи дошле од Турција (24 570), Србија (8 522), Германија (4 396) и Бугарија (3 207).
Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е намален за 0.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 3.1 %, а кај странските има зголемување за 0.3 %.
Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.5 %, така што кај домашните туристи има намалување за 3.3 %, а кај странските има намалување за 0.7 %.
Н.С.Ј.
извор. ДЗС













