Екипата на Охрид има предност (1-0) на полувремето во средбата со Кораб во рамките од 12-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Охрид погодокот за водство го постигна на стартот од натпреварот. Прецизен за охридските „сино бели“ беше Симон Маркоски во 6-та минута од мечот.

Лесно можеше да се случи Кораб покрај негативата да има играчки дефицит но главниот арбитар го прогледа низ прсти стартот на голманот над Никола Секулоски на 30-тина метри од теренот.

Дел од мечот се и „Рибари“ кои ја започнаа големата прослава по повод 30-от роденден.

OhridNews