Настаните во рамки на Ohrid Water Festival продолжија и во изминатите седум дена, исполнувајќи го Охрид со спорт, забава и активности на вода.

Централно место во програмата имаше 39. Охридски пливачки маратон, на кој победничките титули ги освоија италијанскиот пливач Алесио Окипинти и аргентинската пливачка Мајте Ајлен Пука.

Покрај маратонот, во рамки на фестивалската програма се одржаа и два настани посветени на промоцијата на рекреативното нуркање за најмладите, преку кои децата имаа можност да се запознаат со нуркањето како спорт и рекреативна активност.

Во рамки на фестивалската програма се одржа и Четвртиот меѓународен пливачки митинг „ОВФ 2026“, Кајак регатата Струга–Охрид, Меч рејс регатата на едрилици, како и СУП јогата на вода.

Спортските настани на вода продолжуваат и во текот на оваа седмица со Запознај го едрењето, Sup маратон, SUP трки за деца, млади и возрасни, Регата со традиционални кајчиња, Охрид трчаТ АКВАТЛОН 2026, Балканско првенство во маратонско пливање, натпревар во лов на пастрмка во Охридско Езеро, Меѓународна веслачка регата.

Од четврток 26 август стартува и музичкиот дел од програмата, со концерт на Ѓоко Танески на Кеј Македонија – пред хотел „Палас“ од 21:00 часот, на 27 август – Детски ден со „Златно Славејче“ од 19:30 часот, 28 август – Група Везилка од 21:00 и на 29 август – НОКАУТ од 21:00 часот. Четири вечери музика, забава и бесплатни концерти.

OhridNews