Со план и богата програма како никогаш до сега, вчера, охридскиот ракометен клуб во Спортската сала во Велгошти ги започна подготовките за втората етапа во Супер лигата.

Ракометарите ќе имаат три фази во подготовките. Првиот дел ќе го одработат во Охрид. Вториот ќе се одвива во Будва, Црна Гора од 2 до 10 февруари. Таму, ракометарите ќе одиграат контролни средби со Цетиње, Будва и Тиват. Во третата фаза ќе следува нов бран на контролни средби. Охрид ќе биде домаќин на Пеќ, а ќе одигра дуели со екипи од македонската Супер лига, информираат од клубот.

Единствено ново име во тимот на Охрид е десниот бек Филип Николов, кој дојде на позицијата од Дејан Гошески.

Четата на Раде Стојановиќ првиот дел во Супер лигата го помина на втората позиција со само бод заостанување од водечкиот Металург. Суперлигашките возбудувања ќе стартуваат на крајот од февруари месец.

OhridNews