Итната стоматолошка служба која е дел од охридскиот Здравствен дом веќе три месеци не работи.

Граѓани се жалат дека имале непријатни искуства, кога во вечерни часови немале каде да се обратат, а имале забоболки или крварења.

На сопругот почна да му крвари забот околу 22 часот и отидовме до Итната стоматолошка служба која беше затворена. Од Итната служба при Здравствен дом не упатија на Ушното одделение при Општата болница, од каде ни рекоа да одиме во Битола.Кога се јавивме во Битола ни одговорија-зошто да идате кај нас кога во Охрид имате Итна стоматолошка служба. Па така моравме да го чекаме утрото за да биде извршена интервенцијата, раскажува потресено наша сограѓанка.

Директорот на Здравствен дом, Митко Дабески потврдува дека Итната стоматолошка служба не работи повеќе од два месеца поради заминување во пензија на дел од кадарот. Најавува дека проблемот ќе биде решен до крајот на годината за кога се очекува да бидат вработени нови стоматолози во службата. 

T.K.