На 27 и 28 април годинава, Охрид ќе биде домаќин на третата Меѓународна конференција „Библиотеките како ризница на движното културно наследство“, што ќе се одржи во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, а со поддршка на Министерството за култура.
Во рамките на подготовките на Конференцијата во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид беа членовите на Организациониот одбор.
Во колегијален амбиент со домаќинот – директорот Милчо Јованоски гостите и дел од нашите колеги беа разменети мислења од тековното работење на библиотеките кај нас, а стана збор за престојниот голем собир на кој се очекуваат близу 200 библиотекари од земјава и странство, информираат од Библиотеката.
Додаваат дека со самиот факт што конференцијата ќе се одржи во Охрид преку присуството и учеството со трудови на библиотекари и од охридската Библиотека, истата ќе биде активен учесник во овој голем настан.
OhridNews