Четири години Ohridnews е пријател и подржувач на охридските спортисти давајќи им ја несебичната подршка на идеите и нивните иницијативи.

Во изминатите четири години, објавивме околу 10 илјади информации поврзани со спортот. Информиравме за сите спортските настани во Охрид, не запоставувајќи и незамaрувајќи ниту еден спорт и резултат постигнат на охридските спортисти на локално, национално и интенационално ниво.


Од година во година растеме, и ги бележиме сите успеси на охриѓани и на македонските спортисти ширум планетата, притоа информирајќи и за сите големи европски и светски натпреварувања.

Бевме домаќини на Сергеј Бубка и медиумски покровител на Првиот Атлески Митинг.

Срдечно го пречекавме двократниот освојувач на Лигата во Шампиони, Миодраг Белодедиќ.

Со КК Амак СП го освоивме купот на Р.Македонија.

Ги прославивме 44-те поени на Весна Балазоска на мечот против Клубски во Делчево.

Со Мишко Танески бевме на Мон Блан, па на Хималаите.

Со младите Димитар Камнароски и Тамара Трајковски жнееме успеси во базените низ Европа.

Со Горан Пандев триумфиравме во Лигата на Шампиони.

Со кикбоксерот Слободан Кајмакоски освоивме сребро во Бугарија.

Со Зоран Левески игравме во Лигата на шампиони во футсал.

Бевме на “Билјанини“ кога најтрофејниот македонски клуб Вардар му сервираше 10 – ка на Влазерими.

Го прославиме влезот на ФК Охрид од регионот во Втората лига, а годинава ја славевме и титулата есенски првак.

Охрид Лоте успеа по една година постоење да избори влез во Втората лига.

Бевме во Велмeј кога Илинден во купот го елиминираше вицепрвакот и шампионот од 2007 година Победа од Прилеп.

Активно учествуваме на СП и ЕП во ракомет во Охрид, како и на Б дивизијата за кошаркарки под 20 години.

Без нас не поминува Илинденската едриличарска регата, Илиндескиот пливачки куп, Илинденската веслачка и кајак кану регата, како и  Атлетскиот и Пливачкиот маратон.

Во живо го проследивме постигнувањето на рекордот на Селман Реџеп во три скок во Банска Бистрица, Словачка во 2008 година.

Со Александра Заричин станавме најуниверзитетски спортист во Болоња, Италија.

“А“ тимот на Македонија е наш редовен гостин , а македонските репрезентативци се дел од вестите на нашиот портал . Катанец, Јонуз, Бабунски, Бочески се наши и ваши гости .

Се радувавме на победите на Скопско во 2008 и Спарадајз во 2010 на турнирот во мал фудбал

Известувавме за сите натпревари од Општинската и Регионалната фудбалска лига.

На нашиот портал секогаш има место за младите спортски школи. Колибри, Старс, Глабал, Еврофудбал, Ферплеј, Охрид’ 10 . . .

Вашите успеси се и наши успеси.

Ваш Ohridnews team