Нашиот електронски весник OhridNews е номиниран во три категории во рамки на изборот „Сајт на Годината 2015“.

OhridNews  се наоѓа во листата за избор на „Најдобар сајт за 2015 година“, „Најдобар сајт според дизајн “ и „Најдобар сајт за вести и информации“.

Он-лајн гласањето за избор на најдобар сајт веќе е започнато и ќе трае до 9-ти декември 2015 година. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени. Вашата поддршка може да ни ја дадете на овој  линк .

Изборот „Сајт на Годината 2015“ се одржува по шести пат оваа година и e во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk.

-Изборот е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија, информираат организаторите.

Покрај гласовите на посетителите, за изборот на најдобрите веб сајтови одлучува и жири комисија. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.

Победниците од овој избор ќе бидат објавени на 14-ти декември 2015 година на свечената манифестација која ќе се оддржи во фоајето на МОБ во Скопје.

Инаку OhridNews и во текот на изминатите неколку години беше дел од листата на веб страници кои беа номинирани на изборот „Сајт на годината“.

OhridNews