Според најновата анкета објавена од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ),OhridNews го зазема високото десетто место во Македонија како извор на информирање на граѓаните за политички вести од интернет и информативни портали. Зад OhridNews се веб портали на национални телевизии, весници и интернет сајтови. Според анкетата 22 проценти од граѓаните се информираат за политичките збиднувања преку Фејсбук, каде OhridNews секојдневно го следат 10.000 фанови, следи агрегаторот на вести “time.mk” каде исто така е застапен OhridNews како најрелевантен извор на информации од регионот.
Што се однесува до медиумите, најновото истражување покажува дека најмногу граѓаните се информираат за политичките збиднувања од интернет и телевизиите, додека и натаму опаѓа довербата во радијата и печатените медиуми како извори на информации. Од телевизиите исклучително ниска доверба има националниот сервис, а речиси сите комерцијални тв станици, освен Алфа имаат значително поголема гледаност и доверба од МРТВ.
Истражувањето на ИРИ е направено на репрезентативен примерок од 1106 испитаници на различна возраст преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври 2015 година.
OhridNews














